По пријава на првиот човек на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, на поранешниот македонски репрезентативец, сега голман за РК Вардар,  Борко Ристовски доби суспензија од четири години за извршување работа во олимпискиoт спорт.

Пријавата била поднесена во март поради „изнесување на лаги и невистини во една ТВ емисија кои можат да се одразат врз МОК“.

Ристовски има рок за жалба на одлуката на МОК во следните осум дена.

Во кратка изјава за „Гол“, тој рече дека „човековата глупост е бесконечна“ и најави прес-конференција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.