РК Металург е суспендиран од настапи во Суперлигата по барање на ЕХФ, а клубот од Автокоманда нема право на настапи во лигата се до надминување на долговите кон поранешните играчи и тренери.

Ова е сериозен удар за некогашната ракометна гордост на Македонија, Металург е во криза, а раководството за денес најави прес-конференција на која ќе бидат обелоденети сите детали поврзани со моменталната ситуација во која се наоѓа повеќекратниот првак на Македонија.

Деталите се очекуваат во 11 часот, Металург се надева на разрешување на сериозните проблеми.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.