Ракометарот Борко Ристовски и неговата сопруга Николина пред неколку месеци преку социјалните мрежи ја споделија радосната вест дека нивното семејство наскоро ќе стане побогато за уште еден член.
Среќното семејство го славеше секој момент од бременоста на Нина, а денес официјално Борко и Нина Ристовски станаа родители по вторпат, а нивниот син Душан, постар брат.
На социјалните мрежи се нижат честитки од бројните пријатели и соработници на парот. Борно и Нина добија ќерка на која и го дадоа името Анастасија.
Неодамна во еден познат скопски ресторан во кругот на најблиските, Борко и Нина на забавен начин го откри полот на бебето. Со интересна анимација изведена од маскоти во форма на две џиновски бебиња облечени во розева и сина облека, Нина и Борко на присутните им открија дека ќе станат родители на девојче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.