Тимур Дибиров нема да го носи дресот на македонскиот ракометен шампион Вардар во новата натпреварувачка сезона откако рускиот репрезентативец ја прифати понудата да својата кариера да ја продолжи во дресот на Загреб.

Хрватскиот шампион уште пред десетина дена тргна во офанзива по левото крило, во надеж дека ќе го убедат Дибиров да стави крај на својата ера во дресот на Вардар.

Иако до неодамна изјавуваше дека негова желба е кариерата да ја заврши во црвено-црниот дрес, неговиот став се промени по санкциите за „црвено-црните“ и исклучувањето на македонскиот првак од Лигата на Шампионите.

Дибиров во текот на следната седмица би требал и официјално да се пресели во Загреб, каде во тимот крај себе ќе ги има поранешните соиграчи од Вардар, Вуко Борозан и Иван Чупиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.