Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кире Лазаров го објави списокот на играчи кои ќе патуваат во Злин на првиот бараж-дуел со Чешка за пласман на Светското првенство 2023.
Од 23 ракометари кои се подготвуваа, петмина остануваат во Скопје да ја чекаат следната шанса.
Во Злин ќе патуваат:
голмани: Никола Митревски, Мартин Томовски
крила: Гоце Ојлески, Петар Атанасијевиќ, Гоце Георгиевски
бекови: Мартин Серафимов, Томислав Јагуриновски, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Марко Митев, Филип Кузмановски, Игор Ѓоргиев, Филип Талески
пивоти: Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Стојанче Стоилов
дефанзивци: Марко Мишевски, Михајло Младеновиќ.
Натпреварот во Злин е закажан за утре во 20:15 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.