Капитенот и селектор на македонската машка ракометна репрезентација Кирил Лазаров денеска го објави поширокиот список ракометари за баражот за пласман на Светското првенство 2023 против Романија.
Натпреварите против Романија се на 17 март во Скопје и два дена подоцна во Букурешт, а доколку македонските ракометари бидат поуспешни за противник во финалниот бараж ќе ја имаат Чешка.
На списокот за двомечот против Романците се најдоа 35 ракометари: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Цветан Кузмановски, Градимир Чаневски, Благојче Трајковски, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски, Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски, Михаил Аларов, Кристијан Симоноски, Филип Талески, Филип Кузмановски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорговски, Михајло Младеновиќ, Филип Миркуловски, Марко Мишевски, Дарко Кондев, Гоце Ојлески, Тоше Ончев, Костадин Петров, Томче Стојановски, Игор Ѓоргиев, Марко Стојковиќ, Давид Савревски, Павле Атанасијевиќ, Петар Атанасијевиќ, Марко Митев, Мартин Серафимов, Кирил Лазаров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.