Кјелце е првиот финалист во ракометната Лига на шампиони откако со 37-35 го победи унгарски Веспрем во првото полуфинале на фајнл-фор турнирот во Келн.
Двете екипи имаа по едно свое полувреме. Првото полувреме му припадна на Веспрем кој на паузата имаше предност од 18-16, но во вториот дел Кјелце брзо ја надополни негативата, дојде до водство кое не го испушти до крајот и славеше со 37-35.
Морито и Шмид дадоа по осум голови за Кјелце, во составот на Веспрем по седум пати погодија Ненадиќ и Штрлек.
Кјелце во финалето ќе игра со победникот од дуелот меѓу Кил и Барселона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.