Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Игор Котевски е назначен за нов тренер на Металург.
Котевски е нов тренер на Металург. Ова значи негово враќање во Автокоманда, откако претходно го водеше и Металург 2, објави клубот од Автокоманда.
Котевски на тренерската позиција во Металург ќе го наследи Иван Марковски.
Во својата тренерска кариера, Котевски пред доаѓањето во Металург работеше во неколку младински екипи, како и со првите тимови на Бутел и Голден Арт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.