Еден од најискусните во репрезентацијата на Македонија, десното крило Гоце Георгиевски во април ќе ја заврши репрезентативната кариера и ќе биде посветен само на клупските настапи, објави Ракомет24
Квалификациските натпревари против Луксембург и Турција ќе бидат последни во репрезентативната кариера за популарниот Џомба, кој остави свој белег во македонската репрезентација.
Македонија во последниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 на свој терен ќе ја пречека Турција и токму овој дуел ќе биде последен за членот на Вардар.
Георгиевски со репрезентацијата на Македонија настапи на шест Мундијали. Неговиот деби настап на големите натпреварувања беше на Светското првенство 2013 во Шпанија.
Десното крило освен на шест Мундијали, настапи и на пет Европски првенства.
Искусниот ракометар нема да биде дел од двата квалификациски натпревари против Португалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.