Еурофарм Пелистер со двоен пораз во осминафиналето се прости од Европската лига на ЕХФ. По оние 29-16 во Нашице, битолчани денеска и на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ загубија со 21-22.
Битолчани добро тргнаа во натпреварот и имаа постојано водство, а најмногу со 7-3. Хрватите првото полувреме го завршија со серија од 1-4 за да го преземат водството, но на паузата резултатот беше 11-11.
Стипе Мандалиниќ со шест голови и Реинер Табоада со пет беа најефикасни кај битолчани, додека голманот Мартон Секељ имаше осум интервенции. Кај Нексе, Марин Јелиниќ постигна пет гола, додека голманот Михаило Радовановиќ забележа 13 одбрани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.