Злато и две сребра е историски успех за К.К „ЗАНШИН ДО“ – БИТОЛА. По
57 години од кога постои Карате федерацијата на Македонија за првпат Битола добива шампиони и вице шампиони на државно првенство во кадети, јуниори и во категорија до 21 година.

Ката тимот жени во кадети и јуниори Елена Јончевска, Леона Алиловска и Емилија Илковска се закитија со златни медали и пехар со што се пласираа за светското првенство кое ќе се одржи од 9-13.10.2024 год во Венеција – Италија. Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски се закитија со сребрени медали и пехар во ката тим кадети јуниори мажи . Михаил Марковски се закити со среберен медал и во поединечно во кати кадети кој во финале загуби за 0,5 бодови.

Претходните денови тренерот на К.К . „ЗАНШИН ДО“ – БИТОЛА и селектор на репрезентација во кати У12 и У14 на КФМ Стевка Јанковска Петковска се здоби со 5-ти дана црн појас со што за прв пат Битола доби жена со толку висок степен на признание во историјата на каратето во Македонија.

Горда сум како тренер што Битола полека се искачува на ранг листата на најдобрите 10 клубови во Македонија помеѓу 80 клубови членки на КФМ, изјави Јанковска Петковска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.