Женската тениска асоцијација (ВТА) на својата официјална веб-страница денес го претстави ажурираниот рејтинг на тенисерките. На првото место остана Ига Швјонтек од Полска, втора Естонката Анет Контавеит, тројката ја затвори Марија Сакари од Грција.

Финалистката на Вимблдон,  од Тунис падна од второто на петтото место.

Победничката на Грен слемот во Лондон, Елена Рибакина од Казахстан се искачи на 23. место.

Треба да се напомене дека ВТА го лиши Вимблдон од рејтинг поени поради одлуката на организаторите да не дозволат учество на руски и белоруски тенисерки.

На четвртото место е Паула Бадоса (Шпанија), а Топ 10 се најдоа и: Арина Соболенко (Белорусија), Даниел Колинс (САД), Џесика Пегула (САД), Гарбине Мугуруза (Шпанија) и Ема Радукану (Велика Британија).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.