Министерот за спорт на Обединетото Кралство Најџел Хадлстон изјави дека спортистите од Русија и Белорусија ќе мора да докажат дека се „неутрални и независни“ околу воената инвазија на Русија на Украина. Значи се работи и за тимските и за индивидуалните спортови.
Бараме писмена потврда од спортистите дека се неутрални и независни, односно не добиваат пари од Путин, Русија или Белорусија ниту ги поддржуваат. Притоа додека се натпреваруваат на наше тло не смеат да зборуваат за Путин, за Русија или Белорусија“, соопшти Хадлстон.
Тоа ќе значи дека на „Вимблдон“ таква потврда ќе треба да достави и вториот светски тенисер Данил Медведев како и другите руски или белоруски тенисери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.