Организаторите на најстариот Грен слем турнир, на нешто повеќе од еден месец пред почетокот на натпреварувањето во предградијата на Лондон донесоа нова одлука околу начинот на објавување на имињата на шампионите.

Според одлуката, Британците одлучија од оваа година да нема префикси за шампиони и шампионки (господин и г-ѓа), туку имињата на шампионите ќе бидат напишани исклучиво со името и презимето, пишува „Тајмс“.

Како што се наведува, причина за ваквата одлука е модернизацијата. Вимблдон на тој начин ќе го смени правилото кое е на сила од 1884 година, а вистинската причина за промена на историјата од 138 години тешко дека е чиста модернизација, но вистинските причини се уште не се познати.

Исто така, досега беше пракса да се пишуваат иницијали од презимињата на сопрузите меѓу нивните имиња и презимињата на венчаните тенисери, но и тоа е минато.

Така, во случајот на ланскиот шампион, Новак Ѓоковиќ, отсега наместо „господин Новак Ѓоковиќ“ ќе стои само „Новак Ѓоковиќ“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.