Неколку македонски ултра-маратонци викендов настапија на трката во Истра која е дел од светската серија на ултра-маратони.
Голем подвиг на Македонците, некои од нив настапија на трката на 168,6 км, а дел се натпреваруваа на 110 км, имавме натпреварувачка и на 42,1 километар.
Најдобар наш натпреварувач беше Виктор Најдовски кој делницата од 168,6 километри ја мина за 28 часа, 49 минути и 13 секунди. Тој заврши на 68. место.
Јовица Јованчев беше втор наш најдобар натпреварувач, со време од 36 часа, 31 минута и 19 секунди тој го освои 150. место, Дарко Шиповиќ стигна пет секунди подоцна од него и ја финишираше трката како 151.
На трката со делница од 110 километри, најдобра Македонка беше Радмила Јованова со време од 17 часа, 51 минута и 14 секунди. Таа во својата категорија беше 16. место, а како 25. девојка ја мина целта. Во вкупниот пласман на сите натпреварувачи на 110 километри, таа заврши на 152. место.
На оваа далечина настапи и Бобан Стојановски кој оствари време од 20 часа, 25 минути и 48 секунди. Тој го освои 229. место.
Имавме натпреварувачка и на трката од 42,1 километар. Сунчица Близнаковска делницата ја помина со време од 6 часа, 10 минути и 31 секунда.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.