Со голема посетеност, вредни награди и одлична забава во саботата на 18-ти мај беше затворен четвртиот по ред тениски турнир, организиран од УНИБанка во соработка со тенискиот клуб Мондано АБЦ.

Преку градење релации со клиентите и вреднување на нивната лојалност, УНИБанка ја оствари целта и ја оправда укажаната доверба што и ја даваат клиентите.

Тенискиот турнир стана традиционален спортски настан преку кој Банката негува силни врски со клиентите.

Пред бројната публика настапија аматери, рекреативци, партнери, клиенти и вработени во банката. Натпреварите ги следеа и официјални судии и делегат кој се погрижи за регуларноста.

Турнирот со натпреварувачки карактер беше отворен на 13-ти мај,  а во одличната атмосфера пред  повеќе од 200 присутни клиенти се следеа финалните мечеви каде што беа доделени подароци за полуфиналистите како и главните награди – инвестициско злато.

Меѓу жените најдобар успех покажа Росана Милкова. Таа ја совлада Лидија Нануш и ја понесе првата награда – инвестициско злато од 5 гр. Банката ја награди финалистката Нануш со инвестициско злато од 2 гр.

Машкото финале беше одличен меч. Во конкуренција од 31 наптреварувач, Коча Бошку беше награден со инвестициско злато од 5 гр, кој успеа да го совлада Кристијан Карапанчевски, награден со инвестициско злато од 2 гр.

Со овие спортски денови покажавме дека Банката се грижи за своите клиенти преку дружење надвор од строгите деловни рамки, а посветеноста, врвната услуга и цврстото верување во брендот остануваат трајна определба на Банката.

Комерцијален текст



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.