Натурализираната Кинезинка, Ејлин Гу, го освои првото место во слободно скијање дисциплина „Биг ер“. Таа до златниот медал дојде со 188,25 бодови.

Второто место и припадна на Тес Ледо од Франција со 187,50 поени.

Трета заврши .Матилда Гремо од Швајцарија со освоени 182,50 поени.

Гу, која е родена во Сан Франциско, го обезбеди третиот златен медал за Кина на Зимските Олимписки игри во Пекинг, со што домаќините се пробија на првото место на листата медалисти со три злата и вкупно пет медали.

Најголем вкупен број медали има Русија – осум, од кои два се златни и по три сребрени и бронзени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.