Австрискиот алпски скијач, Матијас Мајер, го освои златото во супервелеслаломот на Олимписките игри во Пекинг со време од 1:19,94 секунди.
Американецот Рајан Кокрен-Сигл го зазеде второто место со само четири стотинки заостанување зад победникот.
Трет беше Норвежанецот Александар Килде, кој патеката ја мина за 0,42 секунди побавно од Мајер.
Триумфот на Мајер за Австрија е првиот златен медал на Олимпијадата во Пекинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.