Русинката Ана Шербакова освои златен медал во уметничко лизгање во поединечна конкуренција на Зимските олимписки игри во Пекинг, додека најголемата фаворитка Камила Валиева заврши на четвртата позиција.

Валиева беше лидер по кратката програма, но голем притисок и се што се случуваше околу аферата со нејзиниот допинг случај остави трага, па оваа 15-годишна лизгачка направи неколку грешки за време на слободната програма и заврши без медал. .

„Зошто се предаде?“ Беше првото нешто што тренерот Тутбериџе и го кажа на Камила на крајот од програмата.

„Објасни ми зошто? Се предаде, зошто не се бореше? Зошто?“ и рекла Тутбериџе на Камила.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.