Футсал Шкупи е новиот шампион на Македонија во футсал. Екипата од Чаир вчера ја совлада Шкендија со 4-0 во Тетово и со тоа стигна до шампионскиот трофеј. По една година пауза, Шкупи ја врати титулата во своите витрини, вкупно 4-та, откако лани првак на Македонија во футсал беше тимот на КМФ Проект

Во победата на Шкупи над Шкендија со 4-0, двоен стрелец беше Елјеса, а погодија и Исмаили и Стојковски.

Тимот на КМФ Проект го освои второто место и допрва треба да го одигра својот меч, но нема шанси да го стигне Шкупи со оглед дека разликата на врвот е шест бода.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.