Над 1.300 атлетичари, спортисти и рекреативци од 18 земји денеска ќе трчаат на шестото издание на спортската манифестација „Охрид Трчат”.
Стартот на првата трка од 21 километар е од 8 часот и 30 минути на кеј „Македонија” пред хотел Палас, каде се пријавени 330 учесници, додека трката од пет километри ќе почне пет инути подоцна, а пријавени се 980 учесници.
На настанот, кој е во организација на атлетскиот клуб „Охрид трчаТ” со поддршка на Општина Охрид и неколку општествено одговорни компании најавено е учество на македонските атлетски реордери Андријана Поп Арсова и Дарио Ивановски.
Манифестацијата почна во петокот со ЕКСПО, каде беа доделени стартните пакети а вечерта се одржа ноќната трка со над 500 рекреативци и вљубеници. Стартни пакети натпреварувачите ожеа да подигнат и вчера кога беа претставени и спортско – туристичките содржини.
За време на трката низ охридските улици ќе има посебен сообраќаен режим на одредени сообраќајници во градот. Се заобиколува дел од улицата „Македонски Просветители” и се трча кон „Мите Богоевски” и „Даме Груев”. Се трча по улиците „Кеј Македонија”, „Македонски Просветители”, „Партизанска”, „Јане Сандански”, „Димитар Влахов”, „Мите Богоевски”, „Даме Груев”, „Туристичка”, „Абас Емин”, „Кирил и Методиј”, „Илинденска”, „Коста Абраш”, „Свети Наум Охридски”, „Кузман Јосифовски” и патека Студенчишта. Трката ќе се одвива во централното градско подрачје во стариот дел на градот и оди кон патеката Студенчишта и повторно се враќа назад, полумаратонците ќе трчаат два круга За првите три места на трката од 21 километар предвидени се парични награди од 300, 200 и 100 евра додека за сите други трки имаме медали, дипломи, подароци од партнерите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.