Серена Вилијамс, веројатно најдобрата тенисерка во историјата наскоро ќе објави дека ја завршува својата кариера. Веројатно тоа ќе се случи по настапот на УС Опен, по што и дефинитивно ќе се прости од активното играње тенис.

Помалата од сестрите Вилијамс во својата кариера успеа да освои 23 гренслем титули.

Интересно, прво на насловната страна на „Вог“ ја имаше пораката „Простувањето на Серена“ за да потоа, заедно со насловната, таа на своите социјални мрежи покрај другото напиша…

Доаѓа моментот кога во животот мораш да тргнеш по друг правец. Почна одбројувањето, морам да се фокусирам на тоа да бидам мајка. Ќе уживам во овие наредни недели“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.