Словачката скијачка Петра Влхова го освои златниот медал во слалом на Олимписките игри во Пекинг. Влхова по првото возење беше на 8.место, но со извонреден настап во второто возење успеа да се искачи на највисокото место на победничкиот подиум.

За Словачка ова е прво злато во алпските дисциплини на едни Олимписки игри и воопшто прв медал на ЗОИ 2022.

Влхова двете трки ги заврши со вкупно време 1:44.98 минута.

Веднаш по Влхова, стартуваше светската шампионка во слалом, Австријката Катерина Линсбергер, која направи серија грешки по кои заврши со 0,08 секунди заостанување зад Влхова (1:45.06), но дојде до сребрениот медал.

Бронзениот медал го освои Венди Холденер од Швајцарија (1:45.10), додека водечката по првото возење, Германката Лена Дур на крајот заврши како четврто пласирана и остана без медал.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.