Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ги завршуваат подготовките за 18. по ред издание на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во нашата земја и пошироко.
Годинешниот Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи на 2 октомври, а учесниците кои ќе се пријават до 30 август ќе добијат маичка со логото на Виз Ер Скопски маратон 2022. Сите информации за настанот, како и детали за начинот за пријавување на http://skopskimaraton.com.mk.
Секој учесник по завршување на маратонот на својата електорнска адреса ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер.
Организатор на Виз Ер Скопски маратон е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со АК Работнички, кои се организатори на најпознатата трка за жени во државата, – Авицена Женска трка, како и на трката– „HalkEco“ Скопје трча 10KM.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.