Болидот на Ферари управуван од Еди Ирвајн на Големата награда на Шпанија во 1997 година е понуден на продажба.

Станува збор за болидот Ф310Б, кој беше произведен во девет примероци во текот на сезоната 1997 година, од кои три беа користени исклучиво од Михаел Шумаехер, два само Еди Ирвајн, додека другите возачи ги споделуваа останатите четири болиди.

Примерокот со шасијата број 176 се користеше само за време на трката за Големата награда на Шпанија во 1997 година и Ирвајн оттогаш не го возел болидот. Ирецот беше единаесетти во квалификациите и имаше проблеми со гумите за време на трката. Ситуацијата беше влошена со казна од 10 секунди поради игнорирање на сините знамиња, а Ирвајн на крајот заврши 12., додека Шумахер беше четврти.

На крајот на сезоната, Ферари го задржа болидот во својата колекција, но во 1998 година го продаде на Михаел Габел од Германија. Болидот потоа го купил друг германски колекционер кој го чувал 22 години.

Болидот има поминато само 320 километри и сè уште ги има оригиналните појаси на „Сабелт“ и пневматиците „Гудјиар слик“. Исто така, тука е и оригиналниот В10 мотор поврзан со седумстепен секвенцијален полуавтоматски менувач.

Цената е достапна по упатено барање за таква информација



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.