Организаторите на претстојните Зимски олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг објавија денеска дека се откриени 72 случаи на Ковид-19 меѓу 2.586 лица поврзани со Игрите, кои влегле во Кина во периодот од 4 до 22 јануари.

Во соопштението се прецизира дека меѓу 171 спортисти и официјални лица, кои влегле во Кина во истиот период, нема позитивни на коронавирусот.

Од потврдените случаи, 39 се регистрирани при тестирања на аеродромот, додека 33 внатре во „олимпискиот балон“.

Во периодот од 4 до 22 јануари вкупно биле направени 336.421 ПЦР тестирања.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.