Овој викенд, на базенот Борис Трајковски, ќе се одржи првото Национално Првенство во Ватерполо по цели 20 години.
Настанот ќе се одржи на 2 јуни, со почеток во 15 часот. Повеќе од 100 спортисти ќе се натпреваруваат во две категории – сениори и кадети, со по четири тима во секоја категорија.
Ова првенство претставува значаен чекор во оживувањето на ватерполото во Македонија, и огромен напредок на клубовите во последните неколку години..
Влезот е бесплатен и настанот е одлична можност за семејства, пријатели и љубители на ватерполото да дојдат и уживаат во овој голем спортски настан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.