Канадскиот сноубордер Макс Парот го освои првиот златен медал за Канада на Зимските олимписки игри во Пекинг со победа во дисциплината слоупстајл. Парот оствари резултат 90,96 (79,86 + 90,96 + 36,56).
На тој начин, 27-годишниот Канаѓанец дојде до својот прв златен олимписки медал откако успеа да го победи ракот по неговото последно појавување на Олимпијадите. На Канаѓанецот му беше дијагностициран Хоџкиноф лимфом во декември 2018 година, но покажа дека може да се врати по страшната болест и да го пружи најдонрото од себе.
Второто место го зазеде Кинезот Јиминг Су со вкупен скор 88,70 (78,38 + 88,70 + 66,58).
Успехот на Канада и најдобрата тројка на пиедесталот ја комплетира уште еден канадски репрезентативиц, Марк МекМорис, кој заврши трет со резултат 88,53 (76,98 + 80,85 + 88,53).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.