Да возиш автомобил и да возиш „Порше“ не е исто. Во ова се увери екипата на „Република“ при посетата на германскиот производител на „бесни“ автомобили во Штутгарт.
Да возиш „Порше“ било кој модел треба да имаш многу пари но и стил. Така било изминативе сто години откако Фернинад Порше ја основал фабриката па се до денеска.
Во музејот се зачувани првите модели од 1900 година кои датираат верувале или не возеле 30 километри на час колку денешните тротинети.
Во музејот се поставени речиси сите модели низ годините „Карера“, „Тајкан“, „919“, „904“. Не само што може да се видат туку и може да се слушнат каков звук испуштаат.
Тука се и моделите на „Порше“ во релито „Ле Ман“, „Дакар“ но и во Формула 1 кога за нив возеше легендарниот Алан Прост.
Не залудно компанијата „Порше“ вреди 28,7 билиони евра. За нив немаше ни корона криза бидејќи богатите клиенти не прашуваат за цена за новите модели кои во просек чинат 100.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.