Синоќа во Истанбул животот го загуби одбојкарката Јулија Итума која паднала низ прозорец од хотелска соба, а сега се појавила грозоморна снимка од несреќната млада спортистка.
Одбојкарката на Новара престојуваше во хотелот со екипата која вчера го одигра реванш натпреварот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Еџачибаш. На снимката се гледа како италијанска одбојкарка Јулија Итума полека чекори низ ходникот не знаејќи што да прави.
Igor Gorgonzola Novara’nın 18 yaşındaki oyuncusu Julia Ituma’nın son görüntüsü.
Oyuncunun intihar ettiği ihtimali var. #juliaituma #juliaitumanovara pic.twitter.com/IbmxSfbznr
— Mehmet Batuhan Ağır (@mbatuhanagir) April 13, 2023
На видеото се гледа како девојка полека оди кон својата соба, а потоа седнувана подот, видно вознемирена и во солзи. После тоа влегува во собата, а набрзо се случи несреќата.
Телото на одбојкарката на која и предвидуваа светла иднина е пронајдено утрото во 5 часот и 30 минути пред хотелот, а нејзината цимерка изјави дека цело време спиела и не слушнала ништо и дека полицијата ја разбудила.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.