Поранешната прва тенисерка на ВТА листата, Романката Симона Халеп, е суспендирана поради прекршување на антидопинг правилата.

Според објавата на официјалната веб-страница на ИТИА (Меѓународна агенција за интегритет во тенисот), кај Халеп е пронајдена нелегалната супстанца роксадат во А примерокот земен на допинг тест во август 2022 година, за време на УС Опен.

Триесет и едногодишната тенисерка побара да се провери примерок Б, но тоа само го потврдило прекршувањето на правилата.

Халеп е победник на 24 турнири под покровителство на ВТА во сингл. Романката ги освои Гренслем турнирите во Ролан Гарос (2018) и Вимблдон (2019).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.