Бразилската полиција на улица го уби ММА борецот Хозе Карлос Коимбра (49). Полицијата пукаше во него откако тој немоќен трчаше на улица, напаѓајќи и тепајќи минувачи.

Тој најпрво ги стави рацете на главата и се предаде на полицијата. Сепак, мирот кратко траеше. Коимбра повторно дивеел во полицискиот автомобил. Успеал да се ослободи, излегол надвор и почнал да скока на покривот од автомобилот. Полицијата неколку пати го предупредувала борецот. Бидејќи не можеле да му се доближат, била донесена одлука да пука во него.

Целата ситуација ја снимиле случајни минувачи, а според информациите од Бразил, овој ММА борец имал психотичен напад.

Kurir sport



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.