Тенискиот турнир во Индијан Велс во март ќе понуди вкупно 19 милиони долари награден фонд, најмногу од сите комбинирани ВТА и АТП турнири од серијата Мастерс 1000, објавија организаторите.
Износот е за 1.4 милиони долари повеќе од ланскиот награден фонд.
Горди сме што оваа година издвојуваме рекордни парични награди и силно сме мотивирани на компензација на сите тенисери кои настапуваат во Индијан Велс“, изјави извршниот директорот на турнирот Стив Кристијан.
Светските тенисери лани го прогласија Индијан Велс за ВТА и АТП 1000 турнир на годината, деветти пат во низа.
Ланското издание привлече 450.000 гледачи на трибините.
Шпанецот Карлос Алкараз и Елена Рибакина ги бранат титулите на турнирот кој оваа година е на програмата од 6 до 17 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.