Победник на Охридскиот маратон е Италијанецот Алесио Окипинти кој стигна на целта за 4:53:14 часа и го сруши рекордот

Италијанецот Алесио Окипинти е победник на овогодинешното 36-то издание на Охридскиот маратон, тој го сруши рекордот од 2013 година со време од 5 часа и 9 минути и постави ново најдобро време од 4:53:14 часа.

-Среќен сум што го срушив рекордот. Првпат сум тука, езерото е одлично. Се надевав и посакував победа, изјави Окипинти за МТВ.

Втор на целта пристигна минатогодишниот победник Аргентинецот Матијас Дијаз.

На градското пристаниште во Охрид се очекува пристигнувањето и на останатите учесници на маратонот.

Учество земаа 15 пливачи кои пливаат 25 километри колку што е долга патеката „Климе Савин“, од Свети Наум до целта кај Градското пристаниште во Охрид.

Наградниот фонд за маратонот изнесува 12 илјади евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişbaywin girişJOJOBETjojobet girişgrandpashabet