Јошко Миленковски по една и пол деценија повторно ќе биде предводник на македонските одбојкарски репрезентативци.

По 15 години Јошко Миленковски е повторно селектор на македонската машка сениорска репрезентација. Старо-новиот предводник на националниот тим, ќе ја предводи репрезентацијата во Европската лига што ќе се одржува во Скопје од 30 Август, објави Одбојкарската федерација на Македонија.

Миленковски е актуелен тренер на ПАОК од Солун, клуб со кој го освои Купот на Грција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.