Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка, Оливера Наковска-Бикова, која на Европското првенство во норвешкиот град Хамар, го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.
Пендаровски на својот фејсбук профил истакна дека македонската параолимпијка претставува инспирација за идните спортисти.
Златниот медал на Европското првенство во Норвешка на нашата најуспешна параолимпијка е огромен успех и инспирација за младите луѓе и идни спортисти во нашата татковина – се наведува во објавата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.