Познато е дека Новак Ѓоковиќ многу внимава на исхраната.

Тој за време на мечот конзумира многу урми кои имаат изобилството на витамини и минерали,  богати се со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, го штитат мозокот и срцето и го подигнуваат нивото на енергија и кондиција. Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јаглени хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и без масти.

Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Покрај ова суперовошје, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза – и во комбинација со влакна се совршени за моментално зголемување на енергијата. Истражувањата покажаа дека консумирањето на само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.