Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, на социјалните мрежи им се заблагодари за големата поддршка од голем број Македонци, кои го бодреле за време на тркита во Швајцарија, во рамки на Европскиот шампионат на ридски патеки.

Ова е Македонија, ова се Македонци, ви благодарам од срце за поддршката што ми ја давате, напиша Иџе на социјалните мрежи.

Стефановски беше второпласиран во генералниот пласман во неговата категорија 1, група 1, а по двете возења севкупно е 11. во сите категории, во конкуренција на 37 возачи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.