Руските тенисери Андреј Рублев, Карен Хачанов и Људмила Самсонова нема да учествуваат на Олимписките игри во Париз, соопшти претседателот на руската Тениска федерација Шамил Тарпишчев.
Рублев, Хачанов, Самсонова нема да играат на Олимпијадата. На Андреј му треба закрепнување, се наталожил замор. Неговото тело не е од железо“, изјави Тарпишчев.
Рублев (26), кој е шесторангиран на АТП листата, на Олимписките игри во Токио во 2021 година, во тандем со Анастасија Пављученкова стана олимписки шампион во мешани двојки, а го освои Дејвис купот и АТП купот како дел од рускиот тим.
Хачанов (28) е на 22-то место на светската ранг-листа, додека 25-годишната Самсонова е рангирана на 15. место во светот и има освоено четири ВТА титули.
Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.