Шпанскиот тенисер Роберто Баутиста Агут, 19-то рангираниот на АТП листата, објави денеска дека мора да го откаже дуелот од второто коло на грен – слем турнирот во Вимблдон поради позитивен тест на коронавирусот.
– Денеска го известив Вимблдон за својот проблем. Сигурен сум дека станува збор за Кови-19. За среќа, симптомите не се толку сериозни, но мислам дека тоа е најдобра одлука. Се надевам дека наскоро ќе се вратам, напиша Баутиста на својот Твитер профил.
Баутиста Агут (34) требаше попладнево да игра против Колумбиецот Даниел Галан (109 на АТП), кој на тој начин автоматски се пласираше во третото коло на Вимблдон.
Додека бројот на позитивни случаи на коронавирусот повторно расте во Велика Британија, како и во други делови на Европа, Баутиста Агут е трета жртва на Ковид-19 на годинешниот грен – слем турнир во Лондон.
Претходно, поради позитивни ковид тестови настапот го откажаа ланскиот финалист, Италијанецот Матео Беретини, и хрватскиот тенисер Марин Чилиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.