Веднаш по освојување на титулата во европското првенство на ридски патеки, Игор Стефановски се раздели од победничкото Хјундаи со кое настапуваше минативе години, а тоа беше јасен предуслов дека ќе вози нов „ѕвер“ во сезоната која претстои.

Хјундаито беше негов адут за кружните трки бидејќи беше возен најпрво во ТЦР Европа, во 2018 година, а откако по трет пат стана шампион на ридските патеки, автомобилот замина во рацете на Василије Јакшиќ кој во 2022 година го освои шампионскиот трофеј во истиот шампионат.

Претходно, македонскиот автомобилист се раздели и од возилото Сеон Леон со кое настапуваше во ЕТСС во 2017 година, а потоа и во ТЦР Италија. Сето ова укажуваше дека наскоро ќе мора да биде донесена одлука за иднината и за набавка на возило за новата сезона.

Товарното возило кое го врши превозот за Стефановски денеска се врати во Скопје, а „Дерби“ дознава дека со него е довезено и новото возило кое тимот не сака јавно да го открие, односно планира јавна промоција кон средина на месецот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.