Шпанецот Карлос Алкараз, кој по вчерашниот триумф на АТП турнирот од серијата Мастерс 1000 во Мадрид од денеска е шести тенисер во светот, објави дека ќе пропушти турнирот од истата категорија, што оваа недела ќе се одржи во Рим.
Алкараз како причина за откажувањето на настапот во Рим ја наведе желбата што подобро да се подготви за вториот грен-слем сезонава, Ролан Гарос, кој почнува на 22 мај во Париз.
– Мојата прва следна цел е освојување на Ролан Гарос, кратко и јасно порача Алкараз, по серијата фантастични резултати и победата во петте финалиња оваа сезона со скор од 10 – 0 во сетови
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.