Руската натпреварувачка во уметничко лизгање, Камила Валиева не се чувствувала добро по вчерашниот настап на Зимските олимписки игри (ЗОИ) во Пекинг, каде што настапи по неколку драматични денови.

На руското „чудо од дете“ му се закануваше суспензија, зашто беше откриено дека на 25 декември минатата година имала позитивен тест на допинг-тест, но Валиева успеа да ја надмине драмата и да го освои првото место во квалификациите, по што се расплака и замина од салата.

Камила не се чувствуваше добро. Моравме да ја однесеме во хотел за да одмори, соопштија од рускиот тим.

Вториот дел од натпреварувањето ќе се одржи утре, а се очекува Валиева да ја одбрани првата позиција и да се закити со нов златен медал.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.