Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4×7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг. За Норвешка ова е 10. златен медал во Пекинг за лидерско место во поредокот на земји медалисти.
Во составот на норвешкиот национален тим беа: Холм Легрејд, Тарјеј Бо, Јоханес Бо и Ветл Кристијансен. Вкупното време на Норвежаните е 1:19:50.2 час.
Сребрениот медал го освои репрезентацијата на Франција, која заостана 27,4 секунди.
Бронзениот медал отиде кај Русите кои беа во водство пред последната измена, но на крајот заостанаа 45,3 секунди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.