Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, на социјалните мрежи објави илустрација во врска со случувањата околу неговиот сонародник, Новак Ѓоковиќ, кому му беше укината визата и беше депортиран од Австралија, со што е оневозможен да ја брани титулата на Австралија опен.
На илустрацијата што ја објави Јовиќ, може да се види Ѓоковиќ на тенискиот терен сам игра против австралиската влада, функционерите кои го бркаат дома, корона вирусот, ѓаволот, како и тенисерите и луѓето коишто протестираат против него поради тоа што не е вакциниран…
На таа фотографија, Јовиќ го додава акронимот „ГОАТ“ што на англиски значи најдобар на сите времиња“.
Некое време претходно, Јовиќ објави и готографија од Ѓоковиќ, крај чиј лик се наведени бројните хуманитарни донации што српскиот тенисер ги има направено насекаде низ светот. Меѓу нив се истакнуваат донациите вредни милиони што Ѓоковиќ ги има дадено за различни хуманитарни цели токму во Австралија, каде што го прогласија „опасен за јавниот интерес“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.