Еден ден по неговиот величенствен триумф во Род Лејвер Арената, Новак Ѓоковиќ го прошета трофејот низ Мелбурн.

Српскиот ас по рекорден 10-ти пат во кариерата ја почести традиционалната фотосесија и прошетка со својот омилен „Norman Brooks Challenge Cup“ низ Мелбурн.

Новак ја посети „Владината куќа“ каде лично го пречека премиерот на Австралија, Ентони Албанес, малку поразговараа, а потоа Новак излезе надвор да се фотографира.

Најдобриот тенисер на светот не ја симнуваше насмевката од лицето… Позираше пред фоторепортерите, се дружеше со фановите и трпеливо одговараше на прашањата на љубопитните новинари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.