Албанскиот политичар Беџет Пацоли силно удри по најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Му пречело тоа што српскиот тенисер на социјалните мрежи објави трогателна фотографија која е направена пред црквата Свети Сава, каде српските граѓани палеле свеќи за упокојување на душите на загинатите на Косово . .

– Каков пример е Новак Ѓоковиќ за спортот и светот кога ги фали и величи терористите?

Пацоли е поранешен претседател на Косово и еден од најбогатите Албанци во регионот.

Пацоли на своето конто има 350 милиони евра со што важи  најбогати политичар во Косово. Истовремено е еден од највлијателните луѓе во покраината.  Своето богатство го должи на градежната фирма „Мабетекс“, која реновирала многу владини згради во Италија, Германија, Саудиска Арабија, Русија, Кувајт, Турција, Аргентина, на Карибите, во Казахстан и во Кина. Пацоли е сопственик и на синџирот бензиски пумпи ОМВ (OMV)

Тој е сопственик на хотелот „Грант“ во Приштина вреден  3,6 милиони евра, поседува акции во вредност од 100 милиони евра во повеќе компании како и 3,6 милиони евра готови пари во косовски банки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.