Наградниот фонд на митинзите од атлетската Дијамантска лига следната година ќе изнесува рекордни 9,24 милиони долари, објавија денеска организаторите.

„Ова е речиси една третина повеќе од износот кој беше исплатуван во периодот на ковид пандемијата од 2021 до 2024 година, се наведува во соопштението.

Организаторите нагласија дека кога на наградните фондови ќе се додадат и дополнителните трошоци, како тие за патување и сместување, вкупната сума што ќе биде исплатена ќе надмине 18 милиони долари.

Награден фонд од 500.000 долари е обезбеден за секој од митинзите во текот на сезоната, додека наградите по дисциплина ќе варираат меѓу 30.000 и 50.000 долари, а вкупно 2,24 милиони долари ќе бидат распределени во финалето на Дијамантската лига.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.