Шпанската тениска легенда Рафаел Надал го загуби финалето на турнирот во шведскиот град Баштад од Португалецот Нуно Борхес со 3:6, 2:6 за помалку од час и половина на земјениот терен.
Ова е прва титула за Борхес на АТП. Португалецот досега беше на 51. место на АТП листата, но од утре ќе ја зазема 42. позиција. Во исто време, тоа беше првото финале на Рафаел Надал по Ролан Гарос во 2022 година, кога ја освои својата 22. Гренд слем титула.
-Не знам што да кажам, ја сакам Шведска. Сите сакаа Надал да победи, дури и еден дел од мене го сакаше тоа. Долго го чекав овој момент време. Во тенисот не се случува сè како што сака човек. Горд сум на мојот настап, прокоментира среќниот тенисер по неговиот успех.
Надал пак се заблагодари на организаторите за прекрасната атмосфера на турнирот.
-Не е променето ништо од 2005 година, кога последен пат играв овде, рече Надал на доделувањето на наградите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.