На социјалните мрежи се појави документ кој покажува дека Надал во текот на кариерата користел недозволени средства.
Станува збор за документ од 2009 година, кога Надал имаше проблем со повреда на рамото. Потоа добил лекарска дозвола да ја користи забранетата супстанца бетаметазон за лекување, бидејќи другите методи не функционирале.
Надал имаше операција на стапалото во септември, можеше да оди само со помош на патерици, но веќе беше на теренот во ноември.
Професорот д-р Ненад Дикиќ, основач на Антидопинг агенцијата на Република Србија и претседател на Здружението за спортска медицина на Србија бјасни за што се работи.
Во спортот имате супстанци кои спортистите можат да ги користат доколку се болни и се добива терапевтско ослободување. Тоа е редовна процедура и голем број спортисти кои имаат дијабетес добиваат инсулин кој е забранет, спортистите кои имаат астма добиваат бетагонисти кои исто така се забранети. Така Надал примил кортикостероиди додека бил повреден, но со дозвола на лекарот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.